Стопанска банка АД – Скопје, на својата веб страница објави соопштение дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица.

Дел од промените се насочени кон намалување на потребата за посета на филијалите само за подигнување на готовина од сметка, во услови кога се достапни бројни алтернативи.

 

–    Надоместок за подигнување на готовина од сметките во МКД од шалтерите на СБ, во висина од 30 денари, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022. 

–    Надоместок за подигнување на готовина од девизни сметки од шалтерите на СБ, во висина од 30 денари во соодветната противвредност, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022.

–    Надоместок за водење на девизни сметки со активност во месецот, во висина од 30 денари месечно во соодветната противвредност, при што активна сметка е онаа сметка на која се евидентирани клиентски иницирани кредитни и дебитни трансакции извршени во текот на календарскиот месец – во примена од февруари 2022.

За детален увид во актуелните надоместоци клиентите на Банката можат да се обратат во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата.