Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје  донесе Одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.042.841.060,00 денари и 2.274.440,00 денари за приоритетните акции.

Бруто дивидендата по акција за обичните акции изнесува 117,00 денари.

Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 14.06.2018 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2018 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 13.06.2018 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне од 20.06.2018 година.

Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе изнесува 10 денари бруто по акција.