Четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје ќе се одржи на  3. јуни со старт од 11 часот.  со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста за користење на алтернативни форми на транспорт 

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува, помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е многу забавно и здраво и на индивидуално ниво.

 

Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по широките улици заедно.

 

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства.

Вашиот мотив секако ќе биде и вредната лотарија со: велосипеди, GoPro камери, тротинети, спортска опрема и други награди а секако и пикникот во градскиот парк со многу забава и освежувања за кои ќе се погрижат нашите соработници: Пивара Скопје, Кодинг, Фриком и тн.

 


 

 

Регистрирајте се online веднаш и се гледаме на Порта Македонија за стартот во 11 часот. Во четвртото издание на ВПВЗ регистрацијата ќе биде редоследна односно нема да се разграничува по категории па доколку регистрирате група на учесници (семејство, друштво и сл.) вашите редни броеви ќе бидат последователни и ќе можете да ги подигнете од еден пулт без разлика дали сите учесници во групата користат различно превозно средство.

 

 

 

 

НАПОМЕНА: Подигнување на редните броеви од регистрацијата, кои се неопходни за учество во лотаријата ќе биде овозможено во i-bank store секој работен ден понеделник до петок од 9 до 18 часот како и на самиот ден на настанот од 10 часот на пултовите на Порта Македонија.

 

Мапа за движење на ревијалната трка е достапна на овој линк. Секако, во употреба ќе бидат и безбедносни возила за насочување на учесниците.

 

Стартот на ревијалната трка ќе биде точно во 11 часот поради специјалниот сообраќаен режим кој ќе биде уреден од СВР Скопје. Стартот како и претходните години ќе биде поделен во етапи за да се овозможи максимална безбедност на учесниците. Детската трка и родителите со бебе колички ќе стартуваат на крајот.

 

На целта во градскиот парк Банката подготвува подароци за сите учесници како и бројни забавни содржини и можности за освежување во соработка со компаниите партнери на настанот. Модераторот на настанот ќе ве води низ содржините и се надеваме дека ќе имате можност добро да се забавувате и да остане ВПВЗ уште еден заеднички настан вреден за паметење.

 

Лотаријата со 35 вредни награди ќе се одвива во 5 етапи и при секое извлекување модераторот на настанот ќе извлекува по една од следните награди:

 

* 5 х Specialized Велосипед

* 5 х GoPro камера

* 5 х Fitbit алка

* 5 x MICRO Тротинет

* 5 х Скирол

* 5 х Кацига, алат и пумпа

* 5 х Ранец

 

Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за Банката да исплати, одделно за секој добитник персонален данок.