Нето-приходите од камати на Стопанска банка АД Скопје за периодот 01.01-31.03.2023 изнесуваат 1.289.288 илјади денари и се зголемени за 30 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на интензивните кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката и трендот на раст на каматните стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 207.386 илјади денари и се намалени за 3 % во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи  на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 9 % и изнесуваат 45.279 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 123.289 илјади денари.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што  на 31.03.2023 година трошоците за вработени изнесуваат 250.062 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 229.115 илјади денари.

Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Стопанска банка АД Скопје издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375.149 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации  изнесува 1.151.593 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2023 година изнесува 776.444 илјади денари, што е за 5 % повисоко во однос на истиот период од минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.