Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски стигна до финалето на Летните олимписки игри во Таеквондо категорија мажи до 80кг!

По убедливите победи во четвртфиналето и полуфиналето Дејан го “нападна“ светскиот трон во таеквондо, но иако во финалето прикажа одлична борба за жал беше поразен.

Сепак и сребрениот медал е одличен резултат со оглед на тоа што е најдобар резултат на олимписките игри на нашата земја.

Дејан веќе е дел од светската спортска историја и еден од ретките македонски спортисти кои се избориле за олимписки медал!

Стопанска банка АД – Скопје меѓу спортските ваучери реализирани преку Агенција за спорт и млади последниве години обезбеди поддршка и за Дејан и за Таеквондо федерацијата па овој негов успех ја прави Банката уште посреќна и им докажува дека вложувањата кои ги прават во заедницата носат историски плод!

Преку ваучерскиот систем Стопанска банка АД – Скопје обезбеди поддршка и за Пуликсенија и Могамедгаџи, нашите олимпијци на кои им претстојат натпреварувањата следната недела.