Претстојните избори ќе ја блокираат домашната економска активност најмалку пет месеци, а оние малку пари што доаѓаа од државниот буџет кон стопанството, ќе бидат ставени под знак прашање бидејќи фондовите ќе бидат практично нефункционални барем до јуни 2024, предупредија од Стопанската комора на Северна Македонија. 

Оттаму укажуват дека притоа, најзагрозени ќе бидат микро, малите и средните претпријатија (ММСП). „Кај нив ваквата ситуација се одразува драматично. Тие вработуваат многу луѓе, од нив зависат многу судбини, треба да поделат плата. Не можат да издржат блокади од 100 дена, плус избори, плус формирање влада и плус почеток на нејзино функционирање. Тоа би значело повеќе од пола година нефункционална држава“, велат од комората.