Странските компании во земјава бараат Владата да продолжи со финансиската помош за ублажување на последиците од пандемијата и енергетската криза.
93 проценти од нив во анкетата на Асоцијацијата на странски компании се изјасниле дека е потребен нов сет мерки за да се задржат работните места.
До ноември годинава бројот на вработени кај нив се намалил за 1,7 проценти, но велат процентот до крајот на годинава би бил поголем.
54 проценти од компаните за првите десет месеци од годинава пријавиле пад на производството меѓу 10 и 35 проценти, поради пад на нарачките од странство, недостатокот на суровини, и проблемите со транспортот.
А 46 проценти од нив имале пад на извозот.
Повеќе од половината од нив се изјасниле дека државната помош имала клучно влијание при носењето на одлуката да инвестираат во земјава. 75 проценти од компаниите кажале дека пак би инвестирале во земјава, но има и пречки кои има предизвикуваат тешкотиите во работењето.
Половина од компаниите очекуваат годинава да ја завршат со пад на приходите, а имаат и умерени очекувања за наредната година. Дури 39 проценти од нив очекувата исти приходи како годинава.
Од Асоцијацијата велатт има знаци на подобрување и некое враќање во нормала, но не како на нивото од предкризната 2019 година.