Рестриктивните мерки во Европа ќе се одразат на  работењето на странските компании, во земјава, главно на оние од автомобилската индустрија. Првиот удар го очекуваат за околу 10 дена. Но се надеваат дека нема да има отпуштања. Компаниите сега биле поподготвени од пролетта кога беше првиот бран на коронакризата. Поголема штета ќе им се нанесе на оние кои произведуваат делови за возила на фосилни горива, а помала на оние произведуваат делови за електрични или хибридни возила.

– Во Чешка, Словачка, Полска, секој ден има по 20 илјади заболени, голем дел одат во изолација тоа значи дека добар дел од вработените не можат да одат на работа. Кога имате намалување на процентот на вработени од 3 до 5 проценти не можете да го реализирате целото производство кое сте го планирале. Од друга страна поради карантинските мерки граѓаните седат дома потрошувачката е намалена така да тука ќе има намалување на продажбата, вели Виктор Мизо, за Сител.

– Компаниите директно и постојано да контактираат со германските партнери и да не се соочуват со загуби. СДИ автомобилската инудстрија и сите пропратни индустрии врзани дефакто работата за тие пазари а и самите знаете дека и во Македонија и секаде во севтот е намалена потрошувачката, вели Миле Бошков.

Дел од автомобилските компании од Европа драстично ги зголемија нарачките за ноември и декември, но главно за да ја запазат регулативата за издувни гасови. Поради тоа трупаат залахи, но не значи дека ќе успеат да ги продадат сите автомобили.

Според податоците освен во Италија, намалување на продажбата на автомобили најмногу има во Шпанија 21 отсто, во Франција 10 проценти и Германија 4 отсто.