Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот се задржаа на 86 долари за барел, балансирајќи меѓу стравот од рецесија поради веројатното повторено кревање на каматните стапки во САД и надежите дека податоците од Кина ќе сигнализираат силна побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше за 30 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето минатата седмица и изнесуваш 86,01 долар. За речиси ист износ барелот поевтини и на американскиот пазар, лизнувајќи се ан 82,18 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави денеска дека во петокот цената на барелот на кошничката референтна нафта на нејзините членки паднала за 97 центи, на 86,8 долари.

Пазарот на почетокот на седмицата се фокусираше на монетарната политика во САД. Трговците нагаѓаат дали американската централна банка Federal Reserve (Fed) во мај повторно ќе ги крене клучните каматни стапки, за четвртина процентен поен, проценувајќи дека поради забавувањето на економијата би можела да ја промени насоката на монетарната политика, но дури кон крајот на годината.

„Нафтениот комплекс и натаму ги анализира континуираните сигнали за ‘ладењето’ на американската економија“, вели за Reuters Вандана Хари од „Vanda Insights“.

Новите сигнали за курсот на монетарната политика на Fed и доларот би можело да дојдат од извештајот за активноста на американските компании.
Подигнатите каматни стапки ја кренаа и американската валута, што ја закочи побарувачката на нафтата, имајќи предвид дека ја намали куповната моќ на купувачите со другите валути.

Вниманието сега се свртува кон податоците за кинескиот бруто домашен производ (БДП) за првиот годинашен квартал, кои ќе бидат објавен во вторник. Трговците очекуваат дека ќе ги подигне цените на стоките, а Меѓународната агенција за енергија (МАЕ – IEA) предвидува дека токму Кина ќе биде главниот двигател на побарувачката оваа година.

Меѓутоа, од МАЕ, исто така, предупредуваат дека намалувањето на производството кое го најавија произведувачите од OPEC и нивните сојузници независни големи извозници предводени од Русија ѓ, би можело да го продлабочи очекуваниот дефицит во снабдувањето со нафта во втората половина од годинава и ќе им наштети на потрошувачите и на закрепнувањето на глобалната економија.

Снабдувањето моментално е ограничено поради сега веќе триседмичното запирање на извозот од ирачки Курдистан преку турското пристаниште Чејхан , откако во арбитражна постапка е утврдено дека Турција го прекршила договорот, дозволувајќи ѝ на ирачката курдска автономна покраина да ја извези нафтата без одобрение од Багдад.