Цената на струјата за домаќинствата по Нова година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска криза, струјата нема да поскапи до крајот на годината и оти не знаат што ќе се случи по два месеца. Експертите алармираат до граѓаните да бидат подготвени дека после Нова Година ги чека раст на цената на струјата и ценовен шок. За да се ублажи ударот тие предлагаат намалување на даноците, како што направија некои од европските земји.

-Струјата по Нова Година се очекува да поскапи за повеќе од 20 отсто, бидејќи цената на светските берзи е покачена за повеќе од 10 пати. Ова зголемување од 20 отсто е реално, бидејќи во моментот ЕСМ електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН „Хоум“ по цена од 37 евра за мегават-час, а на светските берзи во моментов е 250 евра за мегават-час, вели, енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

Според него и да се реши проблемот со набавката на јагленот за потребите на РЕК Битола, пак ќе имаме поскапување на цената на струјата. Потребно е државата сериозно да поработи за да се надомест недостатоците, зашто не се знае до кога ќе не толерираат државите од енерегетскиот систем од каде црпиме големо количество струја.

– Мора итно да почнат со производство и ТЕЦ Неготино и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. Ако не увеземе јаглен и ако не се почне веднаш со производството, тогаш струјата по Нова година може да биде зголемена за 100 отсто, вели Манасков и додава дека ова се реални прогнози, бидејќи се очекува до декември цената на струјата да се качи за повеќе од 400 евра за мегават-час.