Mинистерството за економија го објави јавниот оглас за поддршка на активен туризам, на кој за субвенции може да аплицираат претпријатија, клубови, фондации и здруженија на граѓани кои се занимаваат со активен туризам. Субвенциите се доделуваат за направени трошоци за опрема и алатки кои ќе помогнат во подобрување на овој вид на туризам за што ќе им бидат надоместени 50% од прикажаните трошоци за оваа намена, но не повеќе од 150.000,00 денари за една апликација по апликант.

Издвоениот Буџет за оваа намена е 1.000.000 денари.

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2022 и 2023 година, но не и за следните трошоци:

-Набавка на потрошен материјал, возила, компјутери и компјутерска опрема;

-Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

-Царина за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

– Курсни разлики;

– Закупнинина за деловен простор;

-Трошоци чие плаќање е направено со компензација;

-Уредување/подобрување на деловниот простор.

Претпријатието/субјектот кој што ќе биде субвенциониран по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, има обврска истата да не ја отуѓува најмалку 2 (две) години од денот на добивање на субвенцијата и Министерството за економија го задржува правот да направи контрола.

Право на учество имаат сите заинтересирани претпријатија како и клубови, фондации и здруженија на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации основани за цели поврзани со поддршка и развој на туризмот и вршат дејност или активност во областа на туризмот и угостителството и досега (2021, 2022, 2023 година) не биле субвенционирани од Министерството за економија.

Потребните документи за пријавување и правила на следниот линк!