Со 120 милиони денари годинава ќе бидат субвенционирани органските производители на храна.

Фармерите може да добиваат субвенции за органските производи, за нивна преработка, доработка и пакување најмногу до 150 000 денари по корисник.

Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија, извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.

Трошоците за стручната контрола и сертификацијата државата ги покрива со 50, а со 70 проценти, но не повеќе од 9.000 денари, следуваат за анализи на својствата на почвата, откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

Субвенција следува и за произведени и предадени градинарски и овошни култури во те преработувачки капацитети.

Финансиската поддршка можат да ја добијат сите земјоделски стопанства кои имаат сертификат за органско производство за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и за сертификација во висина од 50 проценти. Пријавувањето за овие мерки е до 25-ти декември.