Субвенции за вработување преку ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ можат да користат корисниците на гарантирана минимална помош, жени Ромки, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. Сите овие категории на граѓани може да се вклучат во новата активна мерка на државата за субвенции преку ИПА проект, а  за што до 31 јули  можат да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување во земјава, меѓу кои и  во работниот клуб на Центар за вработување Велес. ИПА проектот насловен „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ е финансиран од ЕУ.

Субвенционираните вработувања од страна на државата од друга страна, преку овој ИПА проект, овозможуваат секој работодавач што ќе вработи невработено лице од посочените целни групи да добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата, во месечен износ од 19 илјади денари за период од 6 месеци.

Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ. Работодавачот има обврска да го задржи лицето во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 3 месеци.