Истекува рокот во кој концесионерите во рибарството можат да поднесување барања за субвенционирање на трошоците за заштита на риболовните води во време на мрестење на рибите. Финансиската поддршка е од 30 до 400 илјади денари во зависност од големината на риболовните води …

Концесионерите на рибите од риболовните води може да користат финансиски средства за заштита на рибите во период на нивно природно мрестење, односно кога е забранет риболовот.

Максималната вредност на прифатливите трошоци за риболовни ревири и рекреативни зони е до 30 илјади денари, за зоните е 150 илјади и до 400 илјади за риболовните подрачја.

Парите се одобруваат за периодот на мрест од 1 ноември 2023-та до 30-ти септември 2024-та година, а се наменети за плати на ангажираните рибочувари во висина од просечна месечна бруто-плата во дејноста. За набавеното гориво за пловните објекти дадени на користење или во сопственост на концесионерот, за гориво за возилата и за изнајмување на пловни објекти.

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства предност им се дава на оние баратели кои го поднеле барањето порано од останатите.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите можат да ги доставуваат документите лично во платежната Агенција или преку пошта до 5-ти април, за мрест кој завршува до 20-ти март и до 1-ви август доколку мрестот е до 1-ви јули 2024-та година.