Земјоделците кои ќе употребуваат вештачки ѓубрива за есенската сеидба на пченицата и на јачменот ќе добиваат субвенција од 3 000 денари по хектар. Исплатата ќе се врши врз основа на доставените барања до платежната агенција, а рокот за аплицирање е продолжен до 30-ти ноември. Земјоделците парите ќе треба да биде најдоцна до крајот на годинава...

Земјоделците кои ќе произведуваат житни култури ќе имаат право на финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица или јачмен за основно ѓубрење.

Корисници се земјоделски стопанства кои оваа есен ќе имаат засеани површини со овие култури и имаат набавено ѓубрива од најмалку 200 килограми по хектар. Рокот за пријавувањето е продолжен и ќе трае до 30 ноември 2022 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари по хектар за трошоците за реализираната набавка, а исплатата ќе се врши врз основа на поднесени барања до платежната Агенција заедно со документите за докажување за купеното вештачко ѓубриво.

Досега на овој начин, е обезбедена поддршка и за земјоделците за ѓубривото во производството на стратегиските житни култури, како што е пченицата, јачменот, пченката и сончогледот.

Поддршката изнесуваше 4.000 денари за купени и употребени минимум 200 килограми за хектар со пченица и пченка и 2.500 денари за површини засени со јачмен со употребени 200, односно 100 килограми по хектар кај сончогледот.

Методија Трајков