Судот со седиште во Хонг Конг ги призна криптовалутите како имот што може да се поседува и да се бара, според пресудата поврзана со угасената крипто берза Gatecoin.

Во анализата на пресудата објавена од адвокатската фирма Хоган Ловелс, судијката Линда Чан, наводно, рече дека криптото има имотни атрибути. Судот сметаше дека е добро да се следи образложението што го применуваат другите јурисдикции – дека крипто е сопственост и може да биде предмет на барање.

„Како и другите јурисдикции на заедничкото право, нашата дефиниција за „имот“ е инклузивна и има намера да биде широка“, истакна Чан.

Според Хоган Ловелс, новата пресуда потенцијално може да им обезбеди на стечајните управници во Хонг Конг прецизност во однос на дигиталните средства. Признавањето дека криптото претставува средство слично на акциите, го доведува Хонг Конг во согласност со другите јурисдикции.

Меѓу другото, случајот се однесува на Gatecoin, крипто берза со седиште во Хонг Конг, која претрпе хакирање во 2016 година и на тој начин изгуби два милиони долари во дигитални средства. Берзата објави во март 2019 година дека добила налог за задолжително ликвидација од судот во Хонг Конг.

Во САД, даночната управа ги препознава криптовалутите како имот за федерални даночни цели. Тоа значи дека принципите кои важат за трансакциите со недвижности важат и за трансакциите со криптовалути. Судовите во Кина, исто така, го признаа криптото како сопственост уште во 2019 година, кога судот за интернет во Хангжу законски го призна биткоинот како дигитална сопственост.

Додека Хонг Конг ја турка својата цел да стане глобален крипто центар, кинеските државни банки ја користат можноста да градат партнерства и да воведат регулирани крипто фирми во Хонг Конг. Настаните се случија и покрај забраната за крипто активности во Кина.