Глобалните трошоци за одбрана достигнаа рекордни 2,44 билиони (2,440 милијарди ) долари минатата година што претставува најголемо годишно зголемување навоените буџети во повеќе од една деценија.

Зголемувањето од 6,8 отсто меѓу 2022 и 2023 година е најголемото од 2009 година, се вели во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Во исто време, аналитичарите регистрираа зголемување на воените трошоци во сите пет географски региони на планетата: Африка, Европа, Азија и Океанија, Блискиот Исток и Северна и Јужна Америка.

Двата најголеми трошаџии – САД (37%) и Кина (12%), сочинуваат околу половина од светските воени трошоци.

Американската влада потроши 9,4% повеќе на „истражување, развој, тестирање и евалуација“ отколку во 2022 година, бидејќи Вашингтон се обидува да остане на чело на технолошкиот развој откако во 2014 година, Русија го нападна Крим и Украина во источниот регион Донбас пред две години.

Иако заостанува зад САД во воените трошоци, Кина одвои околу 296 милијарди долари во 2023 година – 6% зголемување во однос на 2022 година. Во текот на изминатите 29 години, земјата постојано ги зголемува трошоците за одбрана, со периодите на најголем раст 1990-тите и помеѓу 2003 и 2014 година.

Следат Русија, Индија, Саудиска Арабија и Велика Британија, која забележи раст од 7,9% на годишна основа.

Воените трошоци на Кремљ во 2023 година, по една година на целосна војна со Украина, се за 24% повисоки отколку во 2022 година и 57% повисоки од 2014 година, кога Русија го анектираше Крим.
Со трошење од 5,9% од БДП, што е еднакво на 16% од вкупната руска државна потрошувачка, во 2023 година беа забележани највисоките нивоа од распадот на СССР.