Да се преиспита одлуката на Уставнот суд, со која функцинерите си ги зголемија платите за 78%. Светска банка смета дека во време на криза, ваквото покачување не е во ред, но се надева дека Владата ќе го исправи тоа.

Не верувам дека ова е вистинскиот пат. Но мислам дека Владата веќе работи на тоа да ја исправи . Мислам дека дојде неоочекувано ваквата одлука.

Во време кога државата има се помалку пари,  а позајмнувањето надвор е скапо, предлагаат пратенците  што поскоро да го донесат  солирадниот данок, но и да се воведат нови за заштита на животната средина, како и да се зголеми акцизата за цигарите и алкохолот. Воведувањето на солидарниот данок сметаат дека ќе го платат оние  кои најмногу профитирале во време на криза,

Кризата најмногу ја искористија трговците со храна кои енормно профитираа.  И направија големи профити. Затоа ЕУ сугерира да се воведе солидарен данок. Профитите беа несразмерни, тоа беше на штета на луѓето.

Предлагаат во иднина Владата по таргетирано да делува, и да крои пакети само за поранливите граѓани.

Инаку во најновиот Извештај, банката предвидува раст за годинава од 2,4 % кој ќе биде меѓу најниските во регионот. Инфлацијата би се намалила на 9,1,  но под услов Владата со мерките за граѓаните да не ја поттигнува личната потрошувачка, која ќе ја подгрее, исто така мора да се работи на намалување на јавниот долг и на спроведување на реформите кои ги бара Унијата.