Светската цена на златото денеска на светските берзи достигна ново историски највисоко ниво од 2.110,8 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама).

Според аналитичарите, големиот интерес за златото е последица на геополитичката неизвесност, нешто послабиот долар и очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки, пренесува CNBC.

„На цената на златото позитивно влијае очекуваниот пад на американскиот долар и намалувањето на референтните каматни стапки во 2024 година“, изјави шефот на пазарната стратегија на UOB, Хенг Кон Хау.