Вакцинациите и финансиската поддршка од владите ќе помогнат глобалната економија да се опорави до нивото пред пандемијата до крајот на 2021 година, прогнозираше глобално економско надзорно тело.

Но, во прогнозата на Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД) исто така се вели дека враќањето во поранешна состојба ќе биде нерамномерно во земјите низ целиот свет и во голема мера ќе зависи од успехот во борбата против КОВИД-19.

“Придонесот на Европа и Северна Америка кон глобалниот раст ќе остане помал од нивната тежина во светската економија”, рече главната економистка на ОЕЦД Лоренс Бун претставувајќи го извештајот објавен во вторникот.

“Кина, која го опоравувањето го започна порано, се предвидува да расте силно, претставувајќи над една третина од светскиот економски раст во 2021 година. “

Генералниот секретар на ОЕЦД Анхел Гурија истакна дека тоа е знак на „надеж“ за прв пат по пандемскиот удар на почетокот на оваа година.

„Добрата вест за вакцините внесе одреден степен на оптимизам …  но сè уште се соочуваме со проблеми“, рече тој.

ОЕЦД предвидува дека глобалната економија ќе се намали околу 4,2% оваа година и ќе се ќе скокне со иста стапка во 2021 година.

Следната година ќе порасне за 3.7%, предвиде економското надзорно тело.

Меѓутоа, Анхел Гурија предупреди дека ова сепак ќе ги остави сите економии на ОЕЦД помали на крајот на 2021 година од колку што беа на крајот на 2019 година.

Многу европски влади постепено ги отвораат своите економии бидејќи случаите со вирусот започнуваат да се контролираат и сезоната на зимски шопинг започнува пред Божиќ и Нова година.

Главната економистка на ОЕЦД Лоренс Бун истакна дека вакцината ќе биде клучна за пресвртот: ,, Ефикасните кампањи за вакцинација и подобра соработка меѓу земјите може да ја забрзаат дистрибуцијата на вакцината ширум светот. “

„И обратно, сегашното обновување на вирусот на многу места нè потсетува дека владите може повторно да бидат принудени да ги заострат ограничувањата на економската активност.