Предвиувањата на ММФ и Светската банка се остварија.Поради пандемијата, светската економија е во хаос, а рекореден пад бележат и ЕУ и САД.

Евростат објави дека во ЕУ економската активност е намалена за околу 12 проценти во вториот квартал од оваа година, што е најголем пад од 1995 година.

Како што објавија во Вашингтон, американската економија, која е најголема во светот, потона за неверојатни 32,9 проценти на годишно ниво во вториот квартал, што аналитичарите веќе ја оценија како „историска“.

Според ММФ, просечниот пад на економската активност во развиениот дел на светот оваа година треба да биде 6,1 процент, додека падот во земјите во развој ќе биде значително помал, само еден процент… Кога станува збор за земјите во развој, руската економија би требало да „потоне“ 5,5 проценти оваа година, што покрај коронакризата, ќе влијае и падот на цените на енергијата.

Од друга страна, двете големи економии, Индија и Кина, треба да ја завршат годината во плус.