Акциите на Wall Sreet вчера забележaa голем раст, додека акциите на европските берзи воглавно имаа пад.

Германскиот DAX 30 падна за 0,6 отсто, Францускиот КАК 40 за 0,1 отсто и Лондонскиот ФТСЕ 100 за 0,9 отсто, откако податоците покажаа дека британската економија во 2017 година остварила послаб раст од очекуваното, пренесува агенцијата АП.

Американскиот индекс S&P 500 се зголеми за 11 поени или 0,4 отсто, на 2.712 поени, индустрискиот Дау Џонс 115 поени или 0,5 отсто, на 24.913 поени, додека технолошкиот Nasdaq од 32 поени или 0,5 отсто, на 7,250 поени .

Доларот се намали за 106,85 јени од вчерашните 107,78 јени, додека еврото зајакна на 1,2331 долари од 1,2300 американски долари.

Во Азија, токискиот индекс Никеи падна за 1,1 процент, а Ханг Сенг за 1,5 отсто, според американската агенција.