money_bags_300bВкупниот обем на девизните резерви во светот почна да опаѓа. Ваквата тенденција би значело и намалување на побарувачката за обврзниците на САД и ЕУ. На удар ќе се најдат економиите на развиените западни земји.

Сепак, доларот и понатаму ќе остане доминантна валута. Интересот на централните банки во светот во однос на доларот, што може да се види од податоците во последните 100 години, полека завршува.

Вкупниот обем на девизните резерви во светот се намали за 400 милијарди долари и сега изнесува 11.6 трилиони долари. Рекордот е забележан во август минатата година и изнесуваше 12.03 трилиони долари, според Блумберг.

Централните банки во земјите во развој почнаа да акумулираат девизни резерви после азиската финансиска криза од крајот на 90-тите години на минатиот век, со цел да го заштитат внатрешниот пазар во период со ограничен пристап до странски капитал.

Најмногу девизни резерви поседуваат Кина, Јапонија, Саудиска Арабија, Швајцарија, Бразил и Русија. Кина, која поседува најголеми девизни резерви, ги намали своите резерви на 3.8 трилиони долари во декември, откако во јуни достигнаа рекордни 4 трилиони долари.

Девизните резерви на Русија опадна за 27 проценти на 360 милијарди долари во март, во споредба со 493.3 милијарди долари една година порано.

Саудиска Арабија, во време на ненадеен пад на цените на нафтата, потроши 10 милијарди долари од резервите од август минатата година, а со тоа ги намалија резервите на 721 милијарди долари. Залихите на Бразил изнесуваат 371 милијарди долари.

“На намалувањето на девизните резерви главно влијаеше покачувањето на вредноста на доларот во однос на еврото и другите светски валути. Затоа, делумно се намалени резервите поради новите проценки на нивната големина “, изјави главниот економист на Deutsche Bank во Русија Yaroslav Lissovolik.

Друг важен фактор кој влијаеше врз залихите на девизните резерви е внатрешната политика на централните банки за поддршка на националната валута. Со цел да се стабилизира нивниот курс, регулаторите беа принудени да ги искористат девизните резерви.

Врз одлуката да се намали обемот на резервите е и неизвесноста околу монетарната политика на САД.  Овие фактори ќе влијаат да се зголеми нестабилноста во земјите во развој. Во иднина тоа може да предизвика намалување на побарувачката за обврзниците на САД и ЕУ, што може да резултира со негативно влијание врз растот на западните економии.