Проф. д-р Таки Фити во своето гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 изјави дека влегуваме во период на заздравување на економијата.

– Заклучно со 18 мај годинава, буџетот се држи изненадувачки добро затоа што приливите во буџетот покажуваат перманентен раст. Вкупните приходи на буџетот до 18 мај во однос на истиот период лани, се зголемил за 13,4%, даноците за повеќе од 14% со придонесите. Одделни типови на даноци покажуваат пораст и сето тоа е индикатор дека економијата заживува. Факт е дека целосното заздравуѕвање нема да се случи годинава, туку догодина, вели проф. Фити.

Тој додава дека само САД во глобални рамки има целосно заздравување. Европа, исто така, ќе заздрави наредната година. Кај нас, вели тој, сите движења се под европското влијание.