Вкупните приходи на пазарот на електронски комуникации лани изнесувале 280 милиони евра и бележат минимален раст споредено со 2017 година, покажува годишниот извештај за развој на пазарот.

Според извештајот што го објави АЕК, лани имало 1.969.109 активни претплатници во мобилната телефонија, или за 1,94 проценти помалку споредено со претходната година кога биле регистрирани нешто над 2 милиони претплатници.

најголем пазарен удел има Телеком, со 52 %, А1 има 47%, а под 1 процент е Лајка мобајл. Четвртиот оператор Роби според извештајот има пазарен удел од нула проценти.