Американската компанија „Тесла“ ќе гради гигафабрика во Шангај за производи што се користат за складирање на енергија, објави денеска кинеската државна агенција Ксинхуа.

Производителот на автомобили, во сопственост на Илон Маск, ќе ја отвори оваа фабрика во третиот квартал и ќе започне со производство во вториот квартал на 2024 година, соопшти Ксинхуа во извештајот од церемонијата на потпишување.

Фабриката првично ќе произведува 10.000 „мегапик“ единици годишно, што е доволно за складирање на околу 40 гигават часови електрична енергија.

Во светот ќе се продаваат пакети за складирање на електрична енергија, се наведува во извештајот на кинеската агенција.