Тесла предизвика експанзија на пазарот, кога најави купување на криптовалутата биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари.

Со овој потег, цената на бикоинот достигнува невидени височини, но истовремено носи импресивен профит за овој производител на електрични возила, пишува Yahoo Finance.

Тесла во јануари купи биткоини за 1,5 милијарди долари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседува.

За потсетување, во јануари со биткоинот се тргуваше од 29.333 до 37.020 долари за парче, што значи дека за 1,5 милијарди Тесла требаше да добие од 37.020 до 51.137 биткоини.

Во зависност од тоа која вредност е земена во предвид, вредноста на биткоинот во сопственост на Тесла е, по денешна цена од 51.259 долари, тоа е 2.621.231.483 долари, така што профитот може да биде поголем отколку во целата деловна година 2020 година, пренесува Yahoo Finance

Имено, Тесла пријави профит од 721 милиони долари во фискалната 2020 година, по загубите од 862 милиони во 2019 година. Дури се проценува дека профитот од купување биткоин може да го надмине вкупниот профит на Тесла од автомобилите во изминатата деценија.