Тестенините и млечните производи следни на списокот за замрзнување на цени. Министерот Бектеши во гостувањето на Сител рече дека веќе следната недела ќе биде познато чии цени ќе замрзнат.

„Најголемата инфлација минатата година била кај маслото за јадење, а потоа се млекото, јајцата и сирењето кои во декември имаат 36% зголемување на цената, на годишно ниво 22%. Се размислува ли во таа насока, особено ако се земат анализите дека јадеме и најскапо месо и пиеме и најскапо млеко?

-Сите производи кои се наведени во одлуката на владата за замрзнување на трговската маржа, или пак профитна маржа како што е позната во јавноста, сите ќе се анализираат. Моментално се анализираат млечните производи и тестениите. Најверојатно наредната недела или кон крајот на неделата, ќе видиме што ќе покажат и анализите, ќе се носат соодветни одлуки и ќе продолжиме со сите други производи кои се во одлуката, вели Бектеши.

Но државата не сака да се откаже од 5-те проценти данок на лебот.

Да покажете дека вие се откажувате од профитот како што очекувате и компаниите да се откажат од приходот од одреден производ

-Значи вака, ДДВ-то е процентуално. Кога се намалуваат цените ние се откажуваме од приходите. Да не се откажувавме ние како влада од приходите, ќе ги оставевме цените да ги стават колку што сакаат, бидејќи 5% на 100 денари и 5% на 50 денари не е исто, вели Бектеши.

Анализите на трошоците покажуваат дека минатата година беше најтешка за граѓаните поради високата инфлација.

Лани во јануари на четири члено семејство му биле потребни нешто повеќе од 15 000 (15 317) денари за да се прехрани. Годинава за истиот месец, потребни беа 19 000 денари (19 206) денари.

-Тоа е навистина големо зголемување. Некаде околу 4.000 денари е зголемувањето на трошокот за храна и за пијалаци само за една година, што не било евидентно во изминатите години, дури и за време на пандемија од Ковид-19 кога беа затворени производствените капацитети, зголемувањето за делот за исхрана за едно домаќинство не беше зголемен за ваков износ, вели Слободан Трендафилов од ССМ.

Инаку, според информации на Сител, пазарните инспектори и вечерва се терен. Но главен фокус им е дали пекарите произведуваат леб, откако владата донесе одлука со која им наложи да произведуваат 80% од производството кое го имале во декември.