Me заинтригира претстојното IPO нa Robinhood, Американска апликација за тргување со акции финансиски инструменти и крипто. Искрварив очи читајќи го нивното S-1 filling. Забележав некои фрапантни сознанија…

Односот DAU/MAU се движи околу 46%.

Ај да го преведиме што значи ова.

DAU (Daily Active Users) – процент од корисничката база што ја користи апликацијата барем еднаш дневно.

MAU (Monthly Active Users) – процент од корисничката база што ја користи апликацијата барем еднаш неделно.

Што ни кажува податоков? Ни кажува дека Robinhood, апликација за тргување со хартии од вредност има фрекфенција на користење што им парира дури и на апликациите за социјални медиуми. За споредба овој сооднос дури и кај најдобрите социјални медиуми, како на пример Фејсбук, се движи околу 50-60%.

Ова е застрашувачки.

Зошто?

Да земеме еден потрадиционален податок – Labor Force Рarticipation – Стапка на учество на работната сила. Oваа метрика мери процент на работоспособно население (16+) што бара работа. Оваа бројка падна после Светската Финансиска Криза во 2009 година – И никогаш повторно не се поврати на нивоа пред таа година.

Што имаме тука? Ситуација кога од една страна огромен број Американско население изгубило надеж и престанало да бара работа, односно не верува во среднорочните и долгорочните проспекти на својата економија. А од друга страна седат дома и користат апликации за тргување на ХВ небаре зависници, со иста фреквенција како што користат Фејсбук, апликација дизајнирана да ти го покачува допаминот неприроден број пати во рок на 24 часа.

Реков во претходен статус – на долг рок помалку тргување резултира со повисока заработка.

Oвде имаме ситуација кога огромна бројка на луѓе се на Robinhood барем еднаш дневно, небаре се на апликација за социјални медиуми. Огромна бројка на луѓе што мислат дека преку тргување и шпекулација ќе се збогатат. Огромна бројка на луѓе што на долг рок ќе бидат во загуба бидејќи ги води емоцијата и импулсот.

Дополнителни налудничави податоци што ги забележав од S-1 документот:

 

Околу 6% од приходите на Robinhood доаѓаат од корисници што тргуваат Dogecoin.

 

(тука навистина нема што да додадам.)

 

Околу 37% од вкупните приходи на Robinhood потекнуваат од тргување со опции (option trading)

 

Оptions trading e навистина сложена алатка. Кога ќе го видиш бројот би помислил wow колкава голема бројка од Американците ја разбираат и ја користат ова алатка.

 

Но дали e тоа така? Напротив, тргувањето со опции е комплексно и тешко за владеење. Сепак огромен процент од приходите им доаѓаат баш од оваа стапка? Кое е објаснувањето? Според мене следново – опциите се далеку поевтин начин да дојдеш до изложеност (exposure) кон одредена акција. Да купиш акција од Apple на пример е далеку поскапо отколку да купиш Apple опција, поготово опција со краток рок на доспевање. Не е дека огромна бројка Американци ја разбира проблематиката туку бараат поевтин начин за изложеност на финансиските пазари, преку опции. Ова ни кажува дека најверојатно голема бројка на корисници се мали, несофистицирани трговци што најчесто не знаат што прават.

 

Реков во повеќе наврати – кој е главниот победник тука? Куќата, односно Robinhood во случајов како и големите market makers (Citadel Securities, Wolverine) кон кои Robinhood ја рутира листата на нарачки од своите корисници (pay for order flow). И оние што ги поседуваат хартиите во вредност на кои се набаздуваат овие илјадници милиони мали трговци што го користат Robinhood. И после богатите ќе станувале побогати ради тоа што го имаат тоа нешто што најмногу се бара во моментов (хартии од вредност). И после социјалистите ќе плачипичкарат како Топ 1% станувале се побогати а останатите се посиромашни.

Прашањето од кое социјалистите бегаат како од темјан е следното – зошто рајата претпочита да шпекулира во финансиски инструменти наместо своите средства да ги пласира во реалната економија и компетенции? Зошто Стапката на Учество на Работната Сила не успева да закрепне и покрај хеликоптерските пари на политичарите-социјалисти за стимул на економијата? Зошто едноставно сите бегаат од продуктивната економија, моторот на економскиот раст, а наместо тоа шпекулираат во финансискиот сектор?

 

Пишува: Блаже Аризанов