Брегзит е „катастрофа“ за Обединетото Кралство. Погледнете што се случува на полиците на супермаркетите, видете што се случува на бензинските пумпи, видете што се случува со недостигот на медицински сестри и лекари, видете што се случува со недостигот на возачи на камиони, видете што се случува во градежниот сектор. Ова за телевизијата БФМ го изјави францускиот политичар Тиери Бретон, кој е и комесар за внатрешен пазар во Европската комисија, осврнувајќи се на кризата во Велика Британија.

Според неговите зборови, „она што се случува сега е вистинска драма“.

Со оглед на сето ова, еврокомесарот истакна дека Полска никогаш нема да ја напушти Европската унија.

Бретон, исто така, истакна дека Франција беше во право кога размислуваше дали Европската унија треба да ги одвои европските цени на струјата и гасот.

Сепак, тој рече дека не е сигурен дали заедничката политика за купување природен гас ширум ЕУ, предложена од Шпанија, ќе биде ефективна.

Несогласувањата меѓу земјите на ЕУ се продлабочија пред итниот министерски состанок во вторник во врска со нивниот одговор на скокот на цените на енергијата, при што некои бараат преиспитување на регулаторните барања, а други силно се спротивставија.