Нови партнерства со компании од секторот фармација, нови дистрибутери и соработници – се деловните можностите што скопски Алкалоид ќе ги ползува по присуството на Arab Health 2023.

За да се биде во тек со пазарните случувања во Gulf Cooperation Council (GCC), тимот на Бизнис-развој бил дел од големиот настан во Дубаи, каде што се здобил со големи искуства и шанси за нови деловни потфати. Освен истражувањето нови бизнис-можности, соопштуваат од домашната фармацевтска компанија, направени се и чекори кон зацврстување на соработката со постојните деловни партнери. Сепак, велат, „нашата главна мисија на настанот беше насочена спрема креирањето партнерства со компании од секторот фармација“.

На Arab Health 2023 учествувале повеќе од 3.000 изложувачи од најразлични сектори, а манифестацијата ја проследиле над 50.000 посетители од повеќе индустрии поврзани со здравствениот систем. Веќе 47 години во фокусот на Arab Health е презентацијата на светските достигнувања и иновации во областа на здравството.