Почитувани кавадарчани Од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.
Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот за сите граѓани.
Лозарите години наназад се соочуваат со проблеми во откупот, со несигурен откуп на грозје и со ниски цени, што всушност претставува еден од клучните проблем, во оваа дејност.
Проблемите со откупот на грозје, се појавуваат како последица на вишоци на грозје, заситеноста на македонски пазар за грозје и вино и сл, набројува кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ, Горан Тодоров

За таа цел Општина Кавадарци ќе изгради регионален откупен центар на територија на општината.
Со изградбата на овој регионален центар лозарите ќе можат да го продаваат своето грозје, на купувачи пред се од странство, односно на оние од регионот, меѓутоа и на домашни купувачи и винарии.
На овој регионален откупен центар ќе се привлечат купувачи од регионот, да доаѓаат и да го купуваат грозјето, да се зголеми побарувачката за грозје, а со тоа да се реши проблемот со откупот и ниските цени.
Покрај изградбата на овој регионален откупен центар, Општина Кавадарци на лозарите ќе им субвенционира, до 70 проценти купувањето на опрема за заштита од град на индивидуални земјоделци и физички лица.
Ова мерка има за цел заштита на родот од одредени временски непогоди и обезбедување на сигурен и стабилен приход на лозарите.
Лозарите исто така се соочуваат со лоши и непристапни патишта до нивните земјоделски површини. За таа цел ние ќе извршиме тампонирање, санација и редовно одржување на сите патишта кои водат до земјоделски површини.
Исто така ќе ја вратиме падарската служба, со падари за секој регион каде што има земјоделски земјишта. Со ова земјоделците добиваат заштитита и намален ризик од кражба на нивните земјоделски површини, производи, полски куќи и сл.
Сите овие политики проекти и мерки значат подигнување на стандардот и подобар живот за граѓаните.