Халкбанк АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката.

„Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на Томче Тасевски за период од 2 години, сметано од 05.11.2021 година. Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 09.11.2021 година.”, се вели во соопштението на Халкбанк АД Скопје.

Томче Тасевски ќе продолжи да ја извршува функцијата Извршен Директор на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје.

Сегашниот состав на Одборот на директори на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Др. Билал Суџубаши – Претседател на Управниот одбор и Главен Извршен Директор;
  • Турхан Адеми – Извршен Директор во Управниот одбор;
  • Букет Геречџи – Извршен Директор во Управниот одбор;
  • Томче Тасевски – Извршен Директор во Управниот одбор;