Брзо плаќање? Топси пеј е сервис кој ви овозможува да плаќање на пријателите од вашиот именик или фејсбук БЕЗ да пополнувате налози. Ако сеуште го немате овој сервис на вашиот мобилен телефон сега е вистикското време!

TOPSI Pay произлегува како резултат на интеракцијата што Банката ја имаше со младите клиенти во изминатата година откако го промовираше topsi.mk – банка за млади. 

Со разработката на механизмот за брзи меѓусебни плаќања помеѓу пријатели, без потреба од знаење на бројот на сметка, овозможуваме 24/7 интеракција на сметките во Банката, секако повторно со заштита на сигурноста на клиентите односно OTP токен валидација на секое плаќање.

TOPSI Pay на клиентите им нуди во рамки на m-banking апликацијата да ги поврзат контактите од телефон како и пријателите од Facebook и да вршат пренос на средства, да делат сметки и да бараат уплати. Со коментарите за секоја трансакција се овозможува и поголема прегледност, но и забава во користењето на услугата.

 

Се што е потребно за да се користи TOPSI Pay е:

– сметка во Стопанска банка

– пристап до i-bank услугите (корисничко име и лозинка)

Активирање на TOPSI Pay сервисот, се прави со внесување или потврда на телефонскиот броj од мобилниот уред, а дополнително, по желба и со Facebook профилот. По активацијата, најавата е иста како и за m-banking, со внес на i-bank корисничко име и лозинка, при што е овозможено креирање на ПИН кој ќе се користи понатаму за најава. Кај уредите кои тоа го овозможуваат, влез во TOPSI Pay, како и во m-banking, отсега е можен и со отпечаток од прст.

Повеќе информации и насоки за користење на TOPSI Pay се достапни на овој линк.