Во сезона кога се приготвува традиционалната зимница, граѓаните се жалат на превисоките цени за намирниците поради што ајварот, конзервираните краставички, мармаладот, туршијата се почесто се сметаат за луксуз.

Цените за ајварскиот пипер за еден килограм се движат од 40-50 денари, кога на тоа ќе се додаде и цената на маслото за јадење кое се користи при подготовка на ајварот, една тегла од овој домашен специјалитет, според пресметките на граѓаните, испаѓа со цена од околу 180 денари, не вклучувајќи ја работната рака и трошокот за дрва.

-Луксуз е. Да вкусот на домашнито ајвар е незаменлив, но намирниците годинава се прескапи. Кога на тоа ќе се додаде и трудот, пресметките велат дека поисплатливо е да се купи готов ајвар, вели една скопјанка.

-Скапо е се. Овошјето и зеленчукот никогаш не биле поскапи, а од друга страна маркетите нудат зимница по пристапни цени. Готов производ, чиста работа, но вкусот понекогаш е дикутабилен, вели друга домаќинка.

Цените на индустрискиот ајвар по продавниците се движат по околу 120-250 денари за тегла од килограм, зависно од производителот.