Биткоинот достигна рекордна вредност од 48.000 долари, а главна причина за тоа е што големи биснис магнати и компании од традиционалниот банкарски сектор во изминативе неколку денови и дадоа лигитимитет на оваа криптовалута.

Најстарата американска банка „Банката на Њујорк Мелон” најави дека наскоро ќе издаде, и ќе врши трансакции со биткоин во име на нејзините клиенти. Тоа претставува голем чекор напред во усвојувањето на криптовалутата на „Вол Стрит“.

Истовремено од „Мастеркард“ објави дека планира да понуди поддршка за некои крипто-валути на својата мрежа оваа година.

Менаџерот на средства „Блекрок“ и компаниите за плаќање како „Сквер“ и „ПејПал“ исто така неодамна ги поддржаа криптовалутите.

„Оваа работа ќе создаде многу повеќе можности за купувачите и трговците, дозволувајќи им да вршат зделки во потполно нова форма на плаќање. Оваа промена може да ги отвори трговците до нови клиенти кои веќе се насочуваат кон дигитални средства “, велат од Мастеркард.

Ваквите чекори следуваат откако милијардерот Илон Маск пред неколку дена соопшти дека неговата компанија „Тесла“ инвестира 1,5 милијарди долари во Биткоин.