mario draghiГеополитичките фактори, вклучувајќи го и изборот на Доналд Трамп и британската одлука на референдум за напуштање на Европската унија, се главните причини за сегашната неизвесност во економијата, предупреди челникот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

“Ако се земе во предвид она што се случи во последно време, прилично е јасно дека геополитичката несигурност постанаа главен извор на неизвесност за месеците што доаѓаат”, предупреди Драги пред членовите на одборот на Европскиот парламент за економија.

Челникот на ЕЦБ особено ја истакна одлуката на британските граѓани на референдумот за излез на земјата од Унијата и за ризиците кои произлегуваат од оваа одлука за другите европски економии.

Тој призна дека е тешко точно да се предвидат последиците од Brexit за економијата, бидејќи тие ќе зависат “првенствено од временската рамка, напредокот и конечниот исход на следните преговори.”

Затоа, важно е “што поскоро јасно да се дефинираат параметрите на процесот на преговори со цел да се намали неизвесноста”, додаде тој.

Изборот на Доналд Трамп, застапник на протекционизам, исто така покренува многу прашања за иднината на политиката на најголемата економија во светот.

По силната првична реакција на финансиските пазари, со наглиот пад по Brexit и изборната победа на Трамп, следеше опоравување што “не води до заклучок дека пазарите се поотпорни отколку што се очекуваше пред неколку години”, истакна Драги.

Промените се “навистина длабоки и ќе влијаат на реалниот живот, не само во текот на следните месеци, но и со години”, додаде челникот на ЕЦБ.

Тој, исто така, рече дека земјите членки на ЕУ остварија “огромен напредок”, во смисла на финансиската стабилност и побара од нив да се зачува единствениот пазар и “да продолжи зајакнувањето на основата на нашето здружение.”