Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за воведување дополнителни царини за Кина во вредност од 100 милијарди долари.

Трамп му наложил на Министерството за трговија да проучи дали на Кина да и бидат воведени нови царини од 100 милијарди долари со цел заштита на интелектуалната сопственост, и ако да, на кои стоки.

Неколку американски конгресмени претходно ја истакнаа се поголемата загриженост на земјоделскиот сектор на САД поради трговската „војна“ со Кина.

Трамп, пак, му наложил на министерот за земјоделство да спроведе план за заштита на американските земјоделци и интересите на стопанството.

Највата за нови давачки дојде откако Кина објави список на производи од САД, во вредност од 50 милијарди долари за кои ќе бидат зголемени царините, како одговор на претходно воведените американски царини.