Соединетите Држави ќе воведат царини на увозот на стока од Европската Унија, кој е вреден 11 милијарди долари, објави американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“.

„Светската трговска организација смета дека субвенциите на ЕУ за ‘Ербас’ негативно влијаеле врз САД, кои сега ќе воведат царини на 11 милијарди долари вредната стока од ЕУ. ЕУ ја искористуваше Америка во трговијата со години. Тоа набргу ќе престане“, напиша Трамп.

Со релаксирањето на трговската војна со Кина, за која има одредени знаци во последно време. Сега, очигледно тежиштето се префрла на другиот дел од светот, во ЕУ. Дали ќе биде спроведено во реалност, тоа и тоа како ќе влијае врз и онака ослабената и кревка ЕУ економија.