На вчерашниот состанок кој  вчера го организираше американскиот прецедател Доналд Трамп  во Белата куќа со директорите на компаниите за челик и алуминиум, објави Асошиејтед прес.

„Ќе имате заштита првпат по долго време“, рекол Трамп.

Американскиот претседател им изјави на новинарите дека увозните тарифи за челик ќе бидат 25 отсто, а за алуминиум 10 отсто.

Минатата година Трамп му нареди на Министерството за трговија да изврши анализа на увозот на двата метали. До април има рок формално да одлучи дали да ги поддржи препораките на Министерството за воведување на тарифите.

Американскиот претседател во еден од вчерашните твитови напиша дека американската индустрија за челик и алуминиум е „со децении десеткувана со неправедна трговија и со мерки во односите со земјите од целиот свет“.

„Сакаме слободна, фер и паметна трговија“, рече Трамп.

Воведувањето тарифи во САД би можело да доведе до трговска војна со Кина, според Асошиејтед прес.

Од друга страна, Европската Унија објави дека може да наметне ограничувања на американските производи, вклучувајќи ги сокот од портокал и бурбонот.

Министерството за трговија на САД во февруари побара од Трамп да воведе тарифи или квоти за увоз на метални производи, како причина наведувајќи ја загриженоста за националната безбедност.

Франкфуртер алгемајне цајтунг потоа пренесе дека Европската комисија планира возвратни мерки за американските земјоделски производи, но и за вискито и за моторите Харли Дејвидсон.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скињас, одби да коментира за листата, но рече дека ЕУ ќе преземе „соодветни мерки за одбрана на индустријата на ЕУ“.