Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема прерано да се откажат од конфликтот со Иран и да ризикуваат проблемот повторно да се појави за три години.

Трамп ги даде овие забелешки во обраќањето пред големата пензионерска заедница во американската држава Флорида, објави Скај њуз.

Ова е прво појавување на Трамп надвор од Белата куќа по осуетениот напад минатата сабота, кога вооружен човек се обиде да упадне на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во хотел во Вашингтон, на која присуствуваа Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп.