Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави воведување нови царини за Европската Унија во областа на автомобилската индустрија.

Во изјава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека не е задоволен од односот меѓу САД и Европската Унија и дека ќе почне да применува нови царини.

„Со задоволство објавувам дека, врз основа на фактот дека Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините што ѝ се наплаќаат на Европската Унија за автомобили и камиони што влегуваат во Соединетите Американски Држави. Царината ќе се зголеми на 25%. Целосно е разбрано и договорено дека ако произведуваат автомобили и камиони во фабрики во Соединетите Американски Држави, нема да има царини“, рече Трамп.

После тоа, Трамп рече дека Америка дополнително ќе го зајакне своето производство на автомобили и камиони.

„Многу фабрики за автомобили и камиони се во изградба во моментов, а инвестирани се над 100 милијарди долари, што е рекорд во историјата на производството на автомобили и камиони. Овие фабрики, каде што работат американски работници, наскоро ќе се отворат – Ништо вакво не се случува денес во Америка!“, заклучи американскиот претседател.