Директорот на Управата за финансиско разознавање, Блажо Трендафилов, на денешната прес конференција, потенцираше дека доколку не се запазат законските рокови, субјектите кои треба да влезат во Регистарот за вистински сопственици, ќе се соочат со проблеми во насока на финансиското работење.

„За функционалноста на Регистарот на вистински сопственици, веќе посочивме дека ќе имаме навремен и вистински регистар и слика за македонското стопанство. Ние моравме во законот за перење пари, да воведеме алатка за релевантност во информациите. Овде треба да се споменат, дека од голема важност ќе бидат и банките. Оттаму, сите оние кои нема да го исполнат законскиот рок за уписот во рок од 90 дена, ќе се соочат со проблеми во финансиското работење“, истакна Трендафилов.