Мерката 1 или инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.

На 28 јули завршува обиколката на ИПАРД инфо караванот кој има за цел едукација на земјоделците за аплицирање и искористување на Мерката 1, а која предвидува инвестиции во материјални средства за земјоделските стопанства.

-Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерката 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата е 3 август 2020 година, соопштуваат од инфо караванот.