Трето зголемување на кредитниот рејтинг на Грција по дадените неодамна такви проценки од другите две агенции „Fitch“ и „Standard & Poor’s

Така и овај пак меѓународната агенција „Moody’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција до степен „В3“ од „Саа“, откако ја задржува позитивната перспектива за земјата.

Но сепак од „Moody’s“ се оптимисти за разлика од другите две агенции и сметаат дека Грција ќе излезе на пазарите, без да и е потребна дополнителна кредитна линија.

„Fitch“ минатиот петок го зголеми рејтингот на Грција за државниот долг, потпирајќи се на олеснување на долгот во текот на оваа година и на прогнозираниот економски раст. Евалуацијата беше оценета од „В-“ на „В“ со позитивен изглед.

Трите зголемени прогнози доаѓаат откако беше финализирана проверката за напредок на грчката спасувачка програма и покрај фактот дека на неодамнешната средба на Еврогрупата беа изразени резерви и беше условена Владата во Атина да ги исполни две од барањата за реформи дадени на земјата од меѓународните доверители.