Трговците бараат промена на ограничувањето на маржите и тоа да важи само за основни прехранбени продукти. Предлогот бил доставен до владините економски министри, а со предлогот Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија сметаат дека ќе се придонесе за помош на најранливите категории граѓани, а ќе може да функционираат и трговските оператори. Во спротивно, многу од трговците на мало ќе бидат принудени да откажат набавка на определени производи.

ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ЗА КОИ СЕ ПРЕДЛАГА ДА БИДЕ ОПРЕДЕЛЕНА МАРЖАТА

  • Јајца од кокошка
  • Брашно пченично тип 400
  • Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено)
  • Шекер бел козумен
  • Ориз бел (без интегрален и бланширан, останати видови долго зрно, јасмин ….)
  • Тестенини – само шпагети и макарони од мека и дурум пченица (без свежи тестенини, интегрални, пченкарни, био и безглутенски)
  • Млеко кравјо УХТ 2,8%, 3,2% и 3,5% (да се исклучи овчо, козјо)
  • Сирење бело кравјо (овчо, козјо, мешано, сите останати специјални видови сирења, раститетелни сирења – да се исклучат од листата)
  • Урда кравја
  • Свежо месо – пилешко, свинско, јунешко само кебап, плескавица, смеса , колбас, ребра (да се исклучат од листа ексклузивни видови преработки од типот Black Angus, млечно телешко)

Обработено месо (да биде исклучено од листата)

  • Салама – посебна и паризер од свинско, пилешко, говедско месо ( да се исклучи целокупниот димен и траен прорам на сувомесни преработки)
  • Виршла – пилешка, свинска, јунешка
  • Колбас – пилешки, свински, говедски
  • Кај свежо месо да се признае дозволеното кало од 15-16%
  • Леб бел и полубел – цел и сецкан (да се исклучат сите останати лебови, интегрални, ржани, специјални лебови, миксови)
  • Овошје –

-јаболки сите сорти

  • Зеленчук

–      компир, кромид, зелка, краставица, домат

Кај овошјето и зеленчукот да се признае законски дозволеното кало +15% маржа

–      Трговците на големо да се дозволи да работат со 10% маржа.

Одлуката во делот на маржи да се дополни:

„Трговецот на мало кој исто така врши и сопствена дистрибуција на производите од централен магацин до малопродажните објекти да се дозволи дополнителни 5% трошок за манипулација и дистрибуција на производите, односно трговецот на мало со сопствена дистрибуција да пресметува  15% маржа”.