Земјите-членки на ЕУ оствариле извоз на услуги во вредност од 945 милијарди евра во земји надвор од тој економски блок во текот на 2018 година, додека увозот на услуги во ЕУ доживеал благ пад на 795 милијарди во текот на истата година, пренесува Евростат.

Ова значи дека, според најновите расположливи податоци, ЕУ постигнала рекорден позитивен трговски биланс за услуги во вредност од 149 милијарди евра, додава канцеларијата за статистика на ЕУ.

Најважните партнери за размена во терцијарниот сектор биле Соединетите Американски Држави, во кои е извезена речиси една петина од сите услуги, а од кои се увезени една четвртина (24%) од сите нематеријални добра.

Втора држава по важност е Велика Британија, која има увезено 21% од услугите направени од ЕУ, а има извезено точно 20% од услугите.

На трето место е Швајцарија, која примила 11% од извозот на ЕУ и продала 7% од услугите надвор од Унијата кон заедничкиот европски пазар.

„Вредноста на светската трговија со услуги постојано се зголемува во последните години. Овој модел е забележан и низ ЕУ, при што вредноста на извозот се зголемил за 73% во текот на изминатата деценија, а вредноста на увозот се зголемила за 59%“, се вели во соопштението на Евростат.