Обемот на трговска размена помеѓу Русија и Кина се зголеми за повеќе од 20 проценти во изминатата година и сеуште расте. Според кинескиот премиер соработката помеѓу двете земји во економскиот сектор има огромен потенцијал. Моменталната вредност на меѓусебната размена е околу 80 билиони долари, со тенденција да достигне 100 билиони наскоро.

Кинескиот премиер објасни дека моменталната ситуација на глобалниот пазар на суровини имаше негативен ефект врз трговската размена помеѓу овие две земји. Сепак и покрај тоа, трговската размена забележа пораст од 20,8 проценти.

“…Мора да разбереме дека нашите земји се најголемите земји кои граничат една со друга. Јас сум убеден дека стабилен развој на нашите односи и соработка со Русија, ќе донесе бенифит не само за нас туку и за целиот свет”, изјави Кинескиот премиер.