Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми на најголемо ниво од октомври 2008 година. Дефицитот се зголеми и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да воспостави рамнотежа во трговијата на САД со остатокот на светот. Трговскиот дефицит на САД се зголеми на 56,6 милијарди долари во јануари, што е скок од пет отсто во однос на декемвриските 53,9 милијарди долари.