Според IW, економскиот раст во Германија за оваа година и следната година ќе изнесува 1,8% и 1,4%, соодветно, по претходните предвидувања од 2%

Търговският спор между САЩ и Китай ще "изяде" германския растеж

Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина ќе има негативно влијание врз економскиот раст во Германија, предвидува германскиот економски институт во Келн.
Тој ја намали прогнозата за раст за најголемата европска економија, наведувајќи го продлабочениот трговски спор меѓу Пекинг и Вашингтон, кој претставува закана за извозот.

Германските производители се потпираат на двете најголеми економии во развој и бизнисот веќе предупреди дека главната жртва на ескалација на тензиите меѓу нив ќе биде извозот.

IW ја намали прогнозата за раст оваа година на 1,8% и 1,4% во 2019 година од нејзината сегашна прогноза од 2%, за двете години.

“Битката за превласт меѓу САД и Кина, исто така, се чувствува тука – извозот се намалува и компаниите инвестираат помалку”, се вели во соопштението на Институтот.

Оваа недела се разигра уште една епизода од комерцијалните тензии меѓу дветете земји, откако САД објави за воведувањето  на нови царина за кинескиот увоз за 200 милијарди.долари – овој месец, на што Пекинг одговори со свои давачки врз американски стоки за 60 милијарди долари.

Во меѓувреме, уште еден германски институт, IFO, во вторникот рече дека трговскиот спор може да биде позитивен за земјите од Европската унија. Ова би можело да се искористи од кинеската потреба да компензира за намалувањето на трговијата со САД, за да ги натера Пекинг да направи отстапки, овозможувајќи им на европските прозиводители да ја подобрат конкурентноста на кинескиот пазар.